Смртна казна за Тајланѓанец кој силувал и убил германска туристка на Тајланд

137

Тајландскиот суд го осуди на смрт 24-годишниот Ронакорна Ромруена поради силување и убиство на млада германска туристка на популарно островско одморалиште на Тајланд, пренесе „Вашингтон тајмс“.

Полицијата го уапсила Ромруена во април годинава, откако на островот го пронашле телото на девојката сокриено под камења и лисја.

Ромруена признал дека ја силувал 26-годишната Германка Мириам Белте и дека ја убил така што ја удрил со камен во главата. Тој е осуден на смрт поради силување, убиство, прикривање на убиство и возење под дејство на метамфетамин.

За време на четиричасовното испрашување, Ромруена рекол дека по убиството дошол дома, гледал телевизија, пушел цигара и пиел пиво, јавува „Мирор“.