Словачка ја доби првата жена претседател

73

Зузана Чапутова денеска официјално стана првата жена претседател на Словачка.

Таа положи заклетва на посебна седница на парламентот и со тоа стана петти претседател на Словачка од прогласувањето независност во 1993 година.

Чапутова (45) нема многу искуство во политиката, но ги привлекла гласачите на кои им е доста од корупција и од досега владејачката политика, пишува „Асошиејтед прес“.