Си Џинпинг ќе ги смирува нуклеарните тензии во посетата на Северна Кореја

58

Кинескиот претседател Си Џинпинг ќе ја оствари својата прва државна посета на Северна Кореја неделава, во обид да ги смири тензиите во врска со нуклеарната програма на Пјонгјанг, неколку месеци откако последниот самит за денуклеаризација заврши неуспешно, пишува „Гардијан“.

Кинескиот државен радиодифузер Си-си-ти-ви објави дека Си Џинпинг е првиот кинески лидер кој ќе ја посети Северна Кореја во последните 14 години. Средбата на Џипинг и Јонг-ун ќе се случи в четврток и во петок.

– Двете страни ќе ги разменат погледите во врска со ситуацијата на Корејскиот Полуостров и ќе се мотивираат да постигнат нов напредок во политичката резолуција на проблемот со полуостровот – објавија од Си-си-ти-ви.