Сите патишта водат кон Серакиб

469

Сириската армија презема контрола врз стратешки важниот град Серакиб, во рамките на повеќенеделната офанзива врз последното упориште на бунтовниците во државата, Идлиб, пренесува „Ал џезира“.

Офанзивата на Серакиб уследи откако Турција испрати дополнителни трупи во регионот и се закани оти ќе одговори доколку нејзините стражарници во Идлиб, поставени за време на примирјето во 2018 година, се најдат под напад.

– Армиските единици сега имаат потполна контрола врз Серакиб – објави сириската државна телевизија.

Серакиб се смета за важна стратешка цел за владините сили, во обидот за воспоставување контрола врз автопатиштата М4 и М5 кои поминуваат низ градот. Најдолгиот автопат во државата М5 го поврзува вториот Алепо со главниот град Дамаск, продолжувајќи на југо кон границата со Јордан

Со заземањето на Серакиб, нешто помалку од Идлиб останува под контрола на бунтовниците, заедно со мали делови од Алепо и од Латакија.

Силниот напад на сириските владините сили врз Идлиб трае од декември минатата година, со поддршка од Русија. Сирија во офанзивата враќа контрола врз нејзините градови наспроти предупредувањата на Турција, која е сојузник со бунтовниците.