Сите основни училишта во Техеран затворени поради загадениот воздух

30

Поради високото ниво на загадување на воздухот во Техеран, иранската Влада донесе одлука да ги затвори сите основни училишта во престолнината, каде живеат 10 милиони луѓе.

Техеран е обвиен во облак од густ смог, како резултат на фреквентниот сообраќај и загадувањето од фабриките.

Целата состојба е влошена затоа што веќе неколку дена нема ниту ветер, ниту дожд, пренесува агенцијата АП.

Техеран е еден од најзагадените градови во светот во поглед на воздухот.

Здравствените експерти предупредуваат дека многу Иранци имаат сериозни здравствени проблеми поради загадувањето.