Сириската војска бара меѓународен суд за борците од ИД

92

Сириската војска, која го освои и последното упориште на т.н. „Исламска држава“ (ИД), оцени дека е потребно пред меѓународен суд да се процесуираат повеќе илјади странци кои се бореја за самопрогласениот Калифат.

Војската смета дека таков суд е потребен, бидејќи голем број држави одбиле да ги примат своите државјани, уапсени затоа што се бореле на страната на ИД.

Сириската војска уапси повеќе од 1.000 борци, меѓу кои и голем број државјани на западните земји.