Синтетичките лекови сѐ поголем проблем во Европа

55

Една европска агенција за лекови предупреди дека синтетичките лекови што ја поттикнаа кризата со опиоиди во САД стануваат причина за сѐ поголема загриженост.

Во извештајот на Европскиот центар за следење на дрога и зависност од дроги (EMCDDA) се наведува дека 11 нови синтетички опиоиди биле откриени во Европа, вклучувајќи шест деривати на фентанил.

Фентанилот, кој е педесет пати посилен од хероин, се проценува дека е причина за над 19.000 смртни случаи поврзани со опиоидите во САД во 2016 година – нешто помалку од половина од вкупниот број.

Иако хероинот останува најчесто користена недозволена дрога, едно од пет лица кои примаат третман за зависност од опиоиди сега се зависни од синтетички лекови.

-Иако овие супстанции во моментов претставуваат само мал дел од пазарот на опиоиди во Европа, тие се причина за сé поголема загриженост, бидејќи нивната употреба се поврзува со труење и смрт- се вели во извештајот. А, бидејќи се потребни само многу мали количини за производство на илјадници улични дози, овие супстанции лесно можат да се сокријат и да се транспортираат, што претставува предизвик за спроведување на законот-се додава во извештајот.

Во ист таков извештај од минатата година се истакнува дека во Европа се забележани најмалку 250 смртни случаи како резултат на фентанил. Според Еуропол, фетанилот се продава на црниот пазар како замена за хероин.

Директорот на EMCDDA, Алексис Госдел вели дека тие продолжуваат да се соочуваат со предизвици во областа на дрогата, кои стануваат се поголеми. Тој истакна дека покрај зголемена достапност на дрогите од растително потекло како кокаинот, во Европа почнува да се развива пазар на синтетички дроги.