Силно невреме ја погоди Франција

27

Едно лице почина, а петмина се повредени на југозападот од Франција заради силните ветрови што на атлантското крајбрежје дуваа со јачина од 140 километри на час, јавија француските медиуми.

Околу 400.000 домови останаа без електрична енергија, соопштија локалните власти.

Како што се наведува, животот го загубил 70-годишен возач на автомобил кој налетал на урнато стебло на патот, објавија пожарникарите.

Ветрот туркал стебла врз возила на патиштата, при што пет други лица биле повредени, од кои двајца се наоѓале во тешка сосотјба.

Силните ветрови го кренале покривот на едно училиште, но оттаму нема информаци за повредени.

Портокалова узбуна е прогласена во 23 департмани од југозападот и северот на земјата, како и на Алпите и на Корзика, главно заради силните ветрови и поплавите.

И на Медитеранот се забележани силни ветрови кои создадоа прекин во електричната енергија на брегот.

На кратко во прекин беше железничкиот и поморскиот сообраќај, а имаше и одложување на авионски летови.

На Алпите, француската метеоролошка служба предупреди на опасност од лавини.