Силно невреме во Италија, надојдената вода носеше автомобили низ улиците

463

Силно невреме го погоди денеска италијанскиот град Пескара. Најмалку 18 лица се повредени, вклучувајќи и една бремена жена, која претрпела повреди на главата.

Од снимките објавени на социјалните мрежи може да се согледа моќта на бурата која била пропратена со град со големина на портокал. Улиците за кратко време биле преплавени, а центарот на градот бил под десетина сантиметри вода. Надојдената вода дури носела и автомобили низ улиците.

 

Странските агенции јавуваат дека бурата ја погодила и областа околу градот Равена. На една снимка се гледа како силното невреме корне дрвја.

Според метеоролозите, во јужна и југоисточна Европа доаѓа ново невреме, а во пресрет на четврток се очекуваат силни дождови. Невреме придружено со грмотевици вечерва се очекува во Србија, по што би можело да се прошири и во Македонија, Грција и Бугарија.