Силна нова ерупција на вулканот Килауеа (видео)

81

На вулканот Килауеа на Хаваите вчера беше забележана исклучително силна ерупција, која предизвика голем поток од растопена лава која однесе поголем број куќи во населба во изградба.

Жителите во околината на Килауеа веќе неколку месеци се евакуирани и немало повредени при новата ерупција. Вулканот досега уништи над 700 куќи, но без повредени или загинати.

Сеизмолозите забележале потреси од 5,3 Рихтерови степени при ерупцијата, а ерупциите сега се случуваат на секои 30-ина часа.

Вулканот стана и туристичка атракција, при што посетители на Хаваите доаѓаат да го видат како еруптира. Во понеделникот, брод со туристи беше погоден од поголемо парче вжештена карпа, при што 23 лица беа повредени.