Силна експлозија во Велика Британија, има загинати

273

Најмалку едно лице загина, а две се повредени во голема експлозија што се случи во магацин во Ејвонмаут близу Бристол, пренесуваат светските медиуми.
Како што се наведува, на самото место на настанот се членови на противпожарната бригада, екипи на брза помош и полицијата.
Се претпоставува дека станува збор за постројка за отстранување отпад, пишува „Скај њуз“.

– Ни беше пријавена голема експлозија во 11:22 часот (по локално време) во еден магацин во Ејвонмаут. Противпожарните екипи се на самото место – велат пожарникарите.