Силите на Хафтар ја пресушија Либија

104

Резервите за вода кои биле наменети за главниот град на Либија и за околните градови, беа отсечени откако вооружена група упаднала во контролната соба за регулација на водата, оставајќи милиони луѓе без вода, токму во периодот кога започнуваат да се искачуваат летните температури, пренесува „Гардијан“.

Вооружените лица завчера пристигнале во контролната соба во Џафара со која раководи конзорциумот познат како Проектот за создавање на реки „Голем човек“, кој пренесува вода преку мрежа од огромни подземни цевки од Сахара во Триполи, град со повеќе од два милиони жители. Вооружените лица ги присилиле вработените да ги затворат цевките за вода поврзани со подземните бунари.

Од групата тврделе дека се поддржувачи на Халифа Хафтар, лидерот на националната армија на Либија. Силите на Хафтар доминираат со источна и јужна Либија и се обидуваат да го преземат главниот град од националната влада поддржана од ОН.

Силите на Хафтар вршат опсада врз Триполи уште од 4 април, наводно, со тајна поддршка од Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија и од Египет.