Силен земјотрес регистриран на Гренланд

54

Силен земјотрес со интензитет од 6,8 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во близина на источниот брег на Гренланд, соопшти Американскиот геолошки институт.

Епицентарот на земјотресот бил на 407 километри источно од Итокортотмит на Гренланд.

Американскиот систем за предупредување од појава на цумани соопшти дека земјотресот не бил доволно силен да предизвика големи бранови во Гренландско Море.