Силен земјотрес предизвика паника и штета во Индонезија

43

Силен земотрес со јачина од 7,3 степени ја погоди источната индонезиска провинција, Норт Малуку, предизвикувајќи паника кај населението и уривајќи неколку објекти.

Властите наведоа дека нема жртви, ниту пак опасност од цунами.

Американскиот сеизмолошки центар соопшти дека земјотресот бил на длабочина од 10 километри, 168 километри јужно и југоисточно од градот Тернатеа.