Силен земјотрес на границата меѓу Иран и Турција

70

Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтер го погоди регионот на границата меѓу Иран и Турција, соопшти Европскиот Медитерански сеизмолошки центар.

Иранските власти соопштија дека нема значи за штети или жртви.

Потресот се случил на длабочина од пет километри, пренесе Ројтерс.

– Наши спасувачки тимови се упатени во таа зона. Досега, немаме извештаи за штети или жртви во областа која не е е населена во провинцијата Западен Азербејџан – рекол ирански владин претставник за државната телевизија.