Силен земјотрес го погоди планинското подрачје на Авганистан

526

Земјотрес со магнитуда од 6,2 степени според Рихтеровата скала бил регистриран денеска во Авганистан, соопшти Европскиот средоземноморски сеизмолошки центар.

Епицентарот на потресот бил во планинскиот реон Хиндукуш, на 290 километри североисточно од Душанбе, во Таџикистан, на длабочина од 109 километри.

Земјотресот бил почувствуван и во главниот град на Пакистан, Исламабад.

Нема информации за загинати или евентуални материјални штети.