Силен земјотрес го погоди индонезискиот остров Ломбок

115

Земјотрес со интензитет од седум степени по Рихтеровата скала го погоди индонезискиот остров Ломбок.

Пред една недела во земјотрес во тој регион, загинаа 16 луѓе.

Објавено е предупредување за можно цунами. Земјотресот бил на длабочина од 15 км со епицентар на 27 км североисточно од округот Северен Ломбок.

Минатата недела земјотресот таму беше со интензитет од 6,4 по Рихтер.