СЗО го крена нивото на опасност на „многу високо“

282

Светската здравствена организација (СЗО) го крена нивото на опасност и ширењето на коронавирусот на глобално ниво на „многу високо“, но предупреди дека нашиот најголем непријател сега не е коронавирусот сам по себе, туку тоа се стравот, гласините и стигматизација. 

– Врз основа на најновите настани со коронавирусот ја зголемивме нашата проценка за ризикот од ширење и ризикот од влијанието на ковид 19 на многу високо на глобално ниво – објави СЗО на Твитер.

СЗО објави дека коронавирусот се шири и може да стигне до повеќето, ако не и во сите држави во светот, откако во Нигерија беше потврден првиот случај на коронавирус во субсахарска Африка.

– Пет држави – Нигерија, Естонија, Данска, Холандија и Латвија, ги пријавија првите случаи, а сите се поврзани со патувања во Италија – соопшти портпаролот на СЗО, Кристиан Линдмејер.