Се формираат американски вселенски сили

102

Претседателот на САД, Доналд Трамп, обелодени дека ќе нареди формирање нов род на армијата, кој би требало да го поплочи патот кон американска доминација на вселената.
– Не е доволно да постои само американско присуство во вселената. Мораме да имаме американска доминација во вселената. Имаме воздухопловни сили, а ќе имаме и вселенски сили. Тие ќе бидат различни, но еднакви – рече Трамп.
Тој нагласи дека САД ќе бидат лидери во вселената, додавајќи дека вселената е прашање за национална безбедност, како и дека не сака Русија, Кина или други ривали да ги престигнат САД. Како што посочува Ројтерс, ова се први чекори на зголемување на американското истражување на вселената. Планирано е до наредната година на Месечината да се испратат роботизирани истражувачи за да го испитаат теренот за враќање на космонаутите, велат од НАСА.
Бившиот претседател на САД Џорџ Буш во 2004 година рече дека луѓето ќе се вратат на Месечината до 2020 година, а неговиот наследник Барак Обама рече дека САД ќе испратат луѓе на Марс до 2030 година.