Се уште не се знае точниот број на луѓе заглавени под урнатиот мост во Калкута

47

Спасувачките екипи во индискиот град Калкута се уште немаат точна информација дали и колку луѓе се затрупани под мостот што денеска се урна во овој град.

Локалните медиуми јавуваат дека најмалку пет лица загинале, а осуммина се повредени.

Мостот бил стар 40 години, а причината за неговото уривање засега не се знае. Кога несреќата се случила возила минувале преку мостот, а затрупани останале пет автомобили и еден минибус.

Индиската армија испрати медицински тимови да им помогнат на повредените од блиска полска болница.