Се урна пакистански патнички авион со 107 патници

236

Патнички авион на „Пакистан интернешнл ерлајнс“ се урнал во Карачи за време на лет од Лахор, јавува Би-би-си.

Информацијата беше потврдена и од портпаролот на авиокомпанијата.

Тој потврди дека во авионот имало 107 патници во моментот на несреќата и дека се урнал во близина на населено подрачје во градот Карачи.

Засега нема податоци дали има преживеани во авионската несреќа.