Се урна авион во Калифорнија, пет лица загинаа (видео)

187

Најмалку пет лица загинаа откако мал авион се урнал врз куќа во предградие во јужна Калифорнија, по што куќата се запалила.

Локалните власти соопштија дека загинале четири лица во куќата и пилотот на авионот. Жртвите во куќата засега се опишани како двајца мажи и две жени.

Претставници на локалниот мал аеродром од каде што полетела Цесната, изјавиле дека пилото бил многу искусен и често летал токму од тој аеродром

Во тек е истрага за причините за несреќата.