Се удавија 27 мигранти кај брегот на Мавританија

36

Најмалку 27 луѓе се удавиле кај брегот на Мавританија, кога се превртело бротчето кое превезувало мигранти. Крајбрежната стража на Мавританија денеска спасила едно лице кое преживело.

Бротчето пред неколку дена тргнало од Западна Сахара кон Канарските Острови. Поради проблеми со моторот, останале заглавени на отворено море, а луѓето по некое време почнале да дехидрираат. Поголемиот дел од мигрантите билe од супсахарска Африка.