Се стравува од најлошото по ерупцијата на вулканот на Нов Зеланд

196

Единаесет државјани на Австралија се водат како исчезнати, додека 13 се хоспитализирани по ерупцијата на вулканот на Нов Зеланд, изјави австралискиот премиер, Скот Морисон.

Се претпоставува дека тројца од петте жртви од ерупцијата се австралиски државјани, истакна Морисон.

– Стравувам дека информациите ќе бидат и полоши во текот на денешниот или следните денови. Ова е ужасна трагедија – додаде австралискиот премиер.

Вкупно 24 австралиски државјани, на возраст од 17 до 72 години, биле дел од групата, која со крузер пристигнала на Bелиот Oстров да го истражува вулканот кога дојде до негово активирање. Повредените се распоредени во неколку новозеландски болници.