Се самоуби припадник на ФСБ

736

Припадник на руската Федерална служба за безбедност изврши самоубиство денеска додека бил на должност во Кремљ, соопшти полицијата.

– Вработен изврши самоубиство за време на службата. Се врши истрага – рекол извор за ТАСС.

Изворот ги негирал медицинските наводи дека тој служел во единицата одговорна за личната безбедност на рускиот претседател Владимир Путин.

Одделни руски медиуми тврдат дека е во прашање телохранител на Путин.