Се преврте автобус во Мексико, меѓу загинатите има деца

37

Најмалку 12 лица, меѓу кои три деца загинаа денеска откако се преврте автобус во северниот дел од Мексико, соопштија локалните власти.

Во автобусот имало околу 40 патници, кои патувале од Мексико Сити во градот Тореон, пренесува „Ројтерс“.

Шефот на службата за вонредни ситуации вели дека најверојатно до несреќата дошло бидејќи возачот заспал додека возел.

Властите велат дека во автобусот се уште има заглавени тела, па можно е бројот на жртви да расте.