Се огласи братот на Џорџ Флојд: Тој беше џин со нежно срце, немаше да поддржи насилни протести

89

Теренс Флојд, помладиот брат на Џорџ Флојд, се обидува да ја смири ситуацијата по жестоките и масовни портести кои избија низ САД по смртта на неговиот брат.

Тој вели дека Џорџ се залагал за мир, со тоа осудувајќи ги насилните протести.

– Понекогаш и јас разгневувам, се лутам. Но брат ми не беше таков. Многу луѓе за него викаа дека е џин со нежно срце – истакна во изјавата братот на жртвата.

Теренс бара полицаецот да биде обвинет за убиство од прв степен.

Рече дека планира да го посети Минеаполис, поточно местото каде се случил инцидентот.

– Морав да дојдам овде и да им кажам на луѓето да го канализираат својот гнев на друго место – изјави тој.