Се намалува бројот на новинари во американските медиуми

33

Бројот на вработени во новинарската професија во САД продолжува да се намалува, првенствено поради загубите на работни места во печатени медиуми.

Иако вработувањето во дигиталните медиуми забележа раст, генерално, тоа е недоволно за да се компензира падот во севкупниот сектор, покажуваат податоците од анализата спроведена од страна на Центарот за истражување Пју.

Од 2008 до 2017 година, вработувањето во редакциите во САД се намали за 23 проценти. Во 2008 година, околу 114.000 вработени работеле во весници, на радио и телевизија. До 2017 година, овој број беше намален за околу 27.000, па во тоа време околу 88.000 вработени работеле во американските медиуми.

Во весниците, во текот на овој период, бројот на вработени се намалил за дури 45 отсто, од околу 71.000 вработени во 2008 година на 39.000 во 2017 година.

Значителен пораст на вработеноста се случи само во дигиталните медиуми. Од 2008 година, бројот на вработени во овие медиуми е зголемен за 79 отсто, или од 7.400 работници на околу 13.000 во 2017 година.