Се интензивира активноста на ИД во северен Авганистан

111

Меѓународната терористичка група Исламска држава зајакнува во северниот дел на Авганистан, а тоа претставува голема закана за регионалната безбедност на земјите членки на Шангајската организација за соработка (СЦО), изјави денеска претседателот на Советот на регионални антитерористички структури (РАТС) и првиот заменик директор на Федералната безбедносна служба на Русија (ФСБ) Сергеј Смирнов.

– Терористичките групи ги интензивираа своите субверзивни и терористички активности и ги зацврстија своите позиции во северните покраина на Авганистан. Вооружените инциденти на границата се се почести. Земајќи ги во обѕир загубите што ИД ги претрпе во Сирија и во Ирак, сега мора да бара начини за креирање на нови упоришта на калифатот-посочи Смирнов по состанокот на Советот на РАТС во Ташкент.

Тој додаде дека зајакнувањето на ИД во северен Авганистан може да претставува голема закана по регионалната безбедност во блиска иднина.

– Групите означени како терористички, вклучително ИД, талибанското движење, Исламско движење на Узбекистан и други се најголема закана во тој регион и претставуваат клучен фактор за дестабилизација на просторот на Шангајската организација за соработка- наведе Смирнов.