Се зголеми бројот на жртви по несреќата во кинескиот рудник

39

Бројот на жртви на несреќата во кинескиот рудник се зголеми на 10, бидејќи беа пронајдени мртви уште девет рудари, додека две недели по експлозијата. Eден рудар сè уште се води како исчезнат, а 11 од нив се спасени, објави државната агенција „Синхуа“.

Во експлозија на 10 јануари во рудник за злато во провинцијата Шангдонг, на истокот од Кина, 22 рудари останаа заробени неколку стотици метри под земја.

Оттогаш, 10 рудари се пронајдени мртви, 11 беа спасени, а еден рудар сè уште се води како исчезнат, прецизира „Синхуа“.

Управата на рудникот е во притвор бидејќи чекале повеќе од 24 часа за да ја пријават несреќата, чија причина сè уште не е соопштена.

Зголемениот надзор ја подобри безбедноста во рударската индустрија во Кина, откако гинеа 5.000 луѓе годишно. Сепак, несреќите продолжуваат да се случуваат, па минатата година во две несреќи загинаа 39 рудари.