Сенатот ги усвои правилата за постапката за импичмент

39

По 13 часовна расправа, американскиот Сенат ги усвои правилата за водење на постапката за отповикување на претседателот Доналд Трамп, вклучувајќи го и одложувањето на дебатата за повикување сведоци до средината на судењето, пренесува „Ројтерс“.

Со 53 гласа „за“ и 47 „против“, Сенатот усвои план на судењето со кој им се овоможува на сенаторите – обвинители да започнат случај уште денеска.

Американскиот Сенат, во кој мнозинство имаат републиканците, претходно ги отфрли трите обиди на демократите да ја обврзат Белата куќа да достави документи во врска со исплатата на воената помош за Украина.

Одлуката ја донесе Сенатот во текот на првиот ден од судењето во процесот за отповикување на Трамп, што ја обележа расправата за правилата формулирани во резолуцијата, која ја предложи Мич Меконел, лидер на републиканците во Сенатот.