Семејна расправија доведе до заложничка криза и престрелка во Лос Анџелес

228

Вооружен напаѓач ги застрелал својата баба и уште едно лице, за потоа да се забарикадира во супермаркет во Лос Анџелес каде што држеше заложници и застрела уште една жена, пред да биде уапсен од полицијата, пренесуваат американските медиуми.  На апсењето му претходела престрелка со полицијата.

– Осомничениот бил вклучен во семејна расправија што доведе до тоа да ги застрела својата баба и уште едно женско лице. Тој потоа избегал со возилото на баба си, пред да влезе во супермаркетот – изјави полицискиот наредник Бери Монтгомери.

Властите на Лос Анџелес соопштија дека жената застрелана во супермаркетот починала на местото каде што се случило пукањето, додека другите две жени се ранети. На апсењето на осомничениот му претходела престрелка со полицијата.