Седум лица загинаа во пожар во Париз

35

Седум лица загинаа, а 27 се повредени, меѓу кои и тројца пожарникари, при пожар кој избувна во станбена зграда во Париз, јави дописникот на МИА.

Билансот на жртвите во огнената стихија може да биде поголем, имајќи предвид дека огнот се уште не е изгаснат на седмиот и осмиот кат од зградата, која се наоѓа во југозападниот дел од Париз.

Пожарот избувнал околу еден часот по полноќ, по што интервенирале ококолу 200 пожарникари.

Пожарникарите спасиле триесетина лица, кои побегнале на покривот од зградата. Евакуирани се и соседните згради.

Во моментов повеќе улици во овој луксузен кварт на Париз се блокирани од полицијата и пожарникарите.

На 12 јануари во силна експлозија на гас во Париз загинаа четири лица.