Седум загинати и тројца повредени во авионска несреќа во Колумбија

16

Мал авион се сруши во југозападна Колумбија при што загинаа седуммина, а повредени се три лица. Несреќата се случила вчера само неколку минути по полетувањето на авионот на една локална авиокомпанија од аеродромот во Попајан.

Градоначалникот на Попајан изјави дека загинале седум од деветмината од екипажот, а двајца биле повредени и задржани на болничко лекување. Третото повредено лице било дете кое се нашло на местото на авионската несреќа. Командирот на противпожарните сили изјави дека биле испратени на терен за да спречат излевање на горивото.

Колумбиското цивилно воздухопловство ќе ги истражува причините за несреќата. На фотографиите од авионската несреќа што се ширеа по социјалните мрежи се забележуваат остатоци од авионот на крововите од куќите во областа. Градоначалникот изјави дека на терен била испратена работна група за расчистување.