Седница за Сирија зад затворени врати во Советот за безбедност на ОН

55

Советот за безбедност на Обединетите нации утре ќе одржи седница зад затворени врати, на која ќе разговара за ситуацијата во Сирија, истакнаа неименувани дипломати, откако Турција денеска започна воена интервенција против курдските борци во североисточниот дел на Сирија.

Расправа на СБ на ОН за ситуацијата во Сирија побараа пет европски членки – Велика Британија, Франција, Германија, Белгија и Полска, пренесе агенцијата „Ројтерс“.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, најавувајќи го денеска почетокот на воената акција, изјави дека таа има за цел да го елиминира „коридорот на теророт“ на јужната граница на Турција.