Северна Кореја истрела „неидентификуван проектил“

88

Северна Кореја изутринава истрела „неидентификуван проектил“, соопшти претставник на војската на Јужна Кореја. Ова е второ известување неделава за спроведено лансирање на проектили од страна на Северна Кореја.

– Проектилот бил истрелан кон источниот правец од областа Синори, во северниот дел на Пјонгјанг, околу 16.30 часот по локално време – изјави јужнокорејски воен претставник.