Светски бизниси, интелигентни машини, социјални мрежи и тековни општествени системи – тренд или перспектива?

48

Кинескиот пристап во ерата на глобализацијата (2)

Пишува:
Проф. д-р Георги М. Димировски

Истражувањето што го направи светската заедница на системски и контролни научници и инженери во пошироките области на експертиза, опфатено од истражувачи вклучени во активностите на техничките комитети во рамките на координацискиот комитет за социјални и општествени системи (универзитетот е еден од нив), треба да даде дел од одговорите, но и ветувања како да се решат најгорливите проблеми на човештвото во светски размери. На овој начин се смета дека ова ќе придонесе значително за одржлив и непречен развој на нашиот единствен свет. Нивна е одговорноста за „надминување на разликите“ меѓу индивидуалната и колективната перцепција на УНЕСКО за сложеноста на интерактивниот природен систем (животната средина) заедно со човечкиот систем (врзаниот циклус на поединецот – владата – општеството) и изградениот социотехнолошки систем (меѓусебно поврзаните економија и инфраструктура) каде што формите во технологијата за компјутерска интелигенција се главните елементи.

Сепак, важно е да се истакне дека во текот на изминатите две-три децении, светскиот екосистем беше во толкава мера нарушен од човечка рака што тоа веќе резултира со глобално затоплување и климатски промени, како и катастрофи предизвикани од човечките општествени заедници. Социјалните и општествените системи, кои се разгледуваат во овој труд се хибридни и од големи размери, односно социоекономски и социотехнички, па затоа нивните контролни стратегии користат нумеричка и лингвистичка обработка на податоци. Сепак, целокупниот систем мора да остане структурно стабилен на прво место, а оттаму и контролираната системска структура мора да ја зачува својата структурна достапност како и децентрализираната контрола.
Науките што се базираат на информации направија голем број студии што можат слободно да пречекорат разни категории на сложени постигнувања, кои ги надминуваат децентрализираните повратни информации и структурна достапност што ги вклучува структурната контрола, способноста за детектирање и опсервација, како и структурни декомпозиции што се сметаат за соодветни или потребни.

Таканаречената четврта индустриска револуција е поттикната од науките и инженерството базирани на информациите. Во центарот на оваа револуција се наоѓа сфаќањето за синергиите на контрола, комуникациите и компјутерската наука. Од почетоците на кибернетиката, кога физичарите постепено ја усвоија информацијата како трет природен елемент покрај енергијата и материјата, квалитетот на образованието и софистикацијата на современата цивилизација се движеше со непредвидливо брзо темпо во изминатите две-три децении.

Всушност, може да се забележи невиден напредок во општествената средна во смисла на напредно преструктурирање во однос на човекот, системите и кибернетиката што беше незамисливо пред неколку децении. Во секој случај, мојот заклучок е дека сеопфатната наука на сложени мрежи и системи мора да остане отворена за промени и нови откритија затоа што самата по себе поседува многу аспекти на сложеност.

Кинески спој на одговорност и богати иницијативи за поддршка

На најдобар можен начин верувам дека во скоро време кинеските власти создадоа сеопфатен систем на институции и механизми со кои се гарантираат богати иницијативи за кои важат строги правила за одговорност на сите нивоа во високото образование и научните и технолошките истражувања. Во однос на нивоата, се опфатени универзитетите, факултетите во нивни рамки, центрите со посебна дејност (институти и лаборатории), регионални и провинциски агенции/совети за финансирање и федерални агенции/совети за финансирање. Државните политики за научни и технолошки истражување, кои претходно биле дел од плановите и државните приоритети, но и целите во секоја сфера на научното и технолошкото истражување, се спроведуваат преку тој сеопфатен систем и јавно се објавуваат конкурсите за секое од овие нивоа. Постојат и посебни научни и технолошки институции за областите од стратегиска важност за државата во стратегиски важните домени за кои јас немам информации или имам само делумни познавања за истите тие. Поради тоа во мојот труд се опфатени само прашањата од мојот домен.

Генерално мојот впечаток беше и сè уште е дека вкупниот годишен фонд за научни и технолошки истражувања секоја година се распределува еднакво, се ревидира на секои пет години (понекогаш можеби и помалку), меѓу федералните и провинциските совети за наука и истражување. Слично на тоа, мојот впечаток беше и сè уште е дека таквата добро воспоставена рамнотежа внимателно се постигнува меѓу институционалните и индивидуалните нивоа на финансирање. Постојат стандардни услови и правила за конкурси, кои мора да се почитуваат, кои исто така се ревидираат на секои пет години (понекогаш и помалку) на сите нивоа. По правило секое финансирање тесно е поврзано со финансирањето на магистерски и докторски студии, вклучувајќи стипендии за кандидатите во последната фаза од нивните завршни проекти. Затоа важат строги правила за оваа рамка со која се финансираат истакнати поединци како водечки истражувачи и нивните тимови од помлади колеги и студенти. Покрај тоа, во изминатите неколку децении, нивото на постдокторски истражувачки проекти и/или истражувачки специјализации стана природен стандард, но со построги барања и правила. Исто така, целото финансирање се спроведува преку јавно објавени повици на кои можат да аплицираат сите што се компетентни во областа.

Мора да се истакне дека само истакнати поединци или веќе докажани експерти во научната сфера во светски рамки можат да добијат финансиска поддршка за нивните истражувачки проекти и да формираат свои работни тимови. Во текот на времетраењето на истражувачкиот проект тие се должни да доставуваат извештаи и да бидат изложени на контроли.

На крајот би сакал да истакна дека помладите истражувачи на постдокторски студии можат слободно да аплицираат и да се борат за постдоктроски позиции во секоја држава и на секој универзитет. Покрај оваа шанса, дури и нивните постојни финансирани проекти, постдокторандите и помладите академски истражувачи можат да добијат финансиска поддршка од кинеските државни институции или одредени владини органи за усовршување на нивните постдокторски програми во држава или на универзитет по нивен избор. Секако дека постојат одредени услови за враќање во Кина и работа во државните академски или индустриски институти. Сепак, агенциите и советите за финансирање од регионално, провинциско и државно ниво имаат посебна шема за финансиска поддршка за младите кои се враќаат во Кина.
Постојат и посебни лаборатории и институти што добиваат финансиска поддршка од државата, а дури и од одредени провинциски владини органи ориентирани кон технолошкото истражување и развој. По правило сите тие остваруваат соработка со академските институции во точно определени сектори и задачи. Само водечките истражувачи што се докажани научници имаат шанса да добијат финансиска поддршка за научноистражувачки проекти.

Главната порака на овој труд – резимиран приказ

Според мене, во Европа од почетокот на 1980-тите години може да се забележи дека универзитетите западнаа во транзициски процес генерално во обратна насока од онаа на движечките сили на општествата и нивните економски и културни случувања во светски рамки. Еволуцијата на човештвото и општествата во светот веќе тогаш влегоа во ерата на глобализацијата. Трансформацијата на високото образование во двете концептуални стратегии на лидерство треба да се спроведе истовремено.

Таканаречената четврта индустриска револуција во голема мера е поттикната од науките и инженерството базирани на информации. Главниот двигател на оваа револуција се сфаќањето и искористувањето на синергиите на контрола, комуникации и компјутерски науки. Овие поими можат да бидат единствениот домен на постоењето и суштината на „универзитетот“ во самото негово значење на зборот. Можеби само универзитетите во Централна Европа до одредена мера ја избегнуваа тенденцијата да ги категоризираат сите институции од високото образование во универзитетско образование притоа деградирајќи ги суштинските содржини на универзитетите и наштетувајќи ѝ на модернизацијата на стручните школи.

Во ерата на науките и инженерските технологии базирани на информации сега е најпотребно човештвото да започне тренд на реален развој. Денес конференциите и работилниците за инженерски иновации и креативност изгледаат модерно, но ретко може од нив вистински да се научи.

Универзитетите пред сè мора да поминат низ транзиција и промени. Токму на оваа наука човештвото ги должи пронајдоците и технологиите на разните системски мрежи, од компјутери и комуникации до деловни и социоекономски организации, медиуми, радио-телевизии и транспортни мрежи. За ова да се оствари, одлуки треба да донесат најистакнатите водечки фигури во образованието, науката и технологијата, заедно со одлуките на важните лидери во владите и во индустриите.

Заклучок

Повеќе од очигледно сметам дека гореспоменатата одлука не е лесно да се донесе. Иако проценувам дека таа би наишла на противење од сите засегнати и инволвирани страни. Токму кинеските лидери го прават ова уште од 14-от Светски конгрес на меѓународната федерација за автоматска контрола (ИФАК) во Пекинг, Кина, која се одржа од 5 до 9 јули во 1999 година. Во 2017 година се одржа 20-от Конгрес на ИФАК во Тулуз, Франција, а таму учествуваа далеку повеќе Кинези отколку на конгресот во Пекинг. Според моето скромно мислење, оваа бројка е просто неверојатна. Образованието, науката и технологијата во Кина продолжуваат да прават огромни чекори напред на истиот начин како што нејзината економија стана втора најмоќна и најпродуктивна во светот.

Во поновата историја, односно од 1999 година до ден-денес, НР Кина доживува втора ренесанса во информатичките науки и технологии како ниедна друга држава во светот. Поинаку кажано, Кина доживува четврта индустриска револуција. Ние, Европејците, обично ја замислуваме европската експанзија во географски рамки и според колонијалниот период. Поради мојата поврзаност со десетици кинески колеги, професори како мене, сфатив дека тие го гледаат глобализираниот свет, па и Европа, во контекст на комуникациите, патиштата и железничките пруги, како и преку воздушните и поморските маршрути. Токму поради ова не ме изненадува воопшто кинескиот предлог за еден вид универзален макропроект за обновување на Патот на свилата, кој денес се нарекува иницијатива „Еден појас, еден пат“.

(крај)