Светските лидери загадочни околу сознанијата за Ким Јонг-ун

147
Шинѕо Абе (лево) и Доналд Трамп

Јапонскиот премиер, Шинѕо Абе, изјави дека е запознаен со извештаите за здравјето на севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун и внимателно ги следи случувањата. Абе го изјави ова на седница на парламентот, пренесе „Ројтерс“.

Претходно денеска, и претседателот на САД, Доналд Трамп, истакна дека знае како е Ким, но не може да зборува за тоа.

– Да, имам прилично јасна идеја, но не можам да зборувам за тоа во моментов. Само му посакувам се најдобро. Ќе видиме, веројатно ќе чуете нешто за тоа во блиска иднина – рече Трамп пред новинарите во Белата куќа кога беше запрашан за коментар за здравјето на севернокорејскиот претседател.

Гласините и шпекулации за здравјето на Ким Јонг-ун започнаа откако тој не се појави на 15 април за да го одбележи роденденот на неговиот дедо, основачот на Северна Кореја.

Некои светски медиуми објавија дека Ким Јонг-ун бил подложен на кардиоваскуларна операција и сега се наоѓа во „вегетативна состојба“, но овие информации не се официјално потврдени.