Светскиот лидер по број на убиства Бразил, со нов неславен рекорд

60

Рекордни 63.880 луѓе се убиени во Бразил во минатата година со што тоа е најсмртоносна година во историјата на државата, се вели во извештај.

Најголемата држава во Јужна Америка е светски лидер по број на убиства.

Бразилскиот форум за јавна безбедност, независна организација која анализира национални статистики, поврзани со криминалот и кои се автори на извештајот, нагласува дека организираниот криминал е една од причините за зголемениот број убиства.

Тие додаваат дека има и се поголеми полициски операции против нарко-банди, кои контролираат многу од бразилските фавели.

Во просек по 14 луѓе дневно убива полицијата што е за зголемување за 20 отсто во споредба со претходната година. Над илјада жени се убиени во криминални дела од омраза, се наведува во извештајот.