Санкциите на САД не можат да ја одвратат Русија од нејзиниот курс

425

Русија нема да остане без одговор за новите санкции што ги воведе САД, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

– Крајно време е Вашингтон да ја отфрли илузијата дека може да користи јазик на санкции спрема Москва – се нагласува во соопштението.

– Не постојат мерки за притисок што може да ја одвратат Русија од нејзиниот курс. Санкциите само го обединуваат руското општество – се додава во соопштението.

Администрацијата на Трамп воведе дополнителни санкции спрема седум руски олигарси кои имаат врски со рускиот претседател Владимир Путин преку 12 компании што се во нивна сопственост или кои ги контролираат.

Со нив се опфатени и 17 претставници на руската Влада и руската државна компанија за трговија со оружје „Рособоронекспорт“, која има долгогодишни врски со Сирија и својата подружница – Банка на руската финансиска корпорација.