Санкциите на Вашингтон го чинеа Дерипаска речиси една милијарда долари

542

Рускиот бизнисмен Олег Дерипаска изгубил за еден ден 957 милиони долари заради новите американски санкции, објави Форбс.

Министерството за финансии на САД вчера воведе санкции за седум руски претприемачи и против 12 компании кои тие ги контролираат, како и против 17 високи руски владини претставници.

Дерипаска е на списокот како и компаниите што ги контролира.

На списокот е и Сулејман Каримов кој загубил 244 милиони долари како и Виктор Шамалов кој загуби заради санкциите 41 милион долари .

Форбс во 2017 година го процени богатството на Дерипаска на 5,3 милијарди долари.