Санкциите за нафтата ќе го принудат Иран да преземе драстична мерка?

258

Министерот за одбрана на Иран, Амир Хатами, пред новинарите на конференцијата за безбедност во Москва во вторникот изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп и политиките кои тој ги води се опасност за глобалната безбедност, пренесува „Њузвик“.

– Денес се соочуваме со различни безбедносни прашања во целиот свет. Денес, најважниот проблем е трампизмот, што е сличен со нацизмот, и сериозно ја наруши светската безбедност со неговите себичност, суровост и нарушување на хуманитарните принципи – изјави Хатими пред новинарите на конференцијата за безбедност во Москва.

Иранскиот министер за надворешни работи, Џавад Зариф, исто така, го нападна Трамп на Твитер и го обвини за „економски тероризам“ направен кон неговата земја.

Откако дојде на претседателската функција, Трамп наметна тврдокорен став кон Иран. Во мај минатата година, тој ги повлече САД од Иранскиот нуклеарен договор, кој беше потпишан од неговиот претходник Барак Обама и лидерите на Велика Британија, Франција, Германија, Русија и Кина. Целта на договорот беше да се набљудува иранската нуклеарна програма во замена за олеснување на санкциите кон земјата.

Покрај извештаите од Обединетите нации кои потврдуваа дека Иран е во согласност со меѓународниот договор, Трамп ги повлече САД и реимплементираше строги санкции.

Иако Европската унија, Русија и Кина работеа за да ги заобиколат санкциите на Трамп и ги продолжија финансиските релации со Иран, казнените мерки сепак влијаеја врз иранската економија.

Трамп одлучи да не ги продолжи делумните санкциски исклучоци за откупувањето на нафта од Иран и целосно да престане со увозот на нафта, со што се блокира главниот извор на приходи на Иран. 

Многу земји, меѓу кои Кина, Индија, Јужна Кореја, Турција, Тајван, Грција и Италија исто така го сопреа увозот на нафта од Иран.

Доколку бидат извозот на нафта биде блокиран, иранските лидери предупредуваат дека ќе го затворат Ормудскиот теснец, кој претставува витална трговска рута.

– Според меѓународното право, Ормундскиот теснец е воден премин и доколку сме блокирани да го употребуваме, ќе го затвориме. Во случај на било каква закана, нема да се двоумиме ниту миг за да ги заштитиме иранските води – изјави Алиреза Тангсири, командант на Исламската револуционерна гарда.