Сам против светот: Сенаторот не отстапува од отфрлената теорија на заговор за заразата

262
Сенаторот Том Котон продолжува да ја промовира теоријата на заговор според која коронавирусот е произведен од биолошка лабораторија во Кина, пишуваат американските медиуми. Ова отфрлено тврдење кружи во десничарските публикации и на Интернет, исто така сугерира дека вирусот можеби потекнал како биолошко оружје.
 
Научниците и експертите во оваа област велат дека вирусот можеби се проширил преку пренесување од животните на човекот, на пазарот во Вухан. Но, сенаторот Котон не се согласува со ова тврдење. 
 
– Не знаеме од каде потекнува. Но, знаеме дека мора да стигнеме до крајот на целиот процес. Исто така, знаеме дека на само неколку милји подалеку од тој пазар на храна се наоѓа единствената суперлабораторија во Кина со биосигурносно ниво четири, која ги истражува заразните болести – вели Котон за Фокс њуз.  
 
Котон призна дека нема докази кои укажуваат на тоа дека болеста потекнува од Националната лабораторија за биосигурност во Вухан, но потоа ја напомена „дволичноста и нечесноста“ на Кина.
 

 
Кинескиот амбасадор во САД, Цуи Тјанкаи го обвини Патон дека се обидува да создаде паника што ќе ја поткопа битката против вирусот. Тој ја осуди дезинформацијата на Патон во телевизиската емисија „Соочување со нацијата“, претходно месецов.
 
– Многу е штетно и опасно да се предизвикаат сомневања и гласини и да се шират меѓу луѓето. Од една страна, ова ќе создаде паника, од друга страна тоа ја поддржува расната дискриминација и ксенофобијата. Сите овие работи навистина ќе им наштетат на нашите заеднички напори во борба против вирусот – вели Цуи. 
 
Випин Наранг, вонредениот професор од Институтот за технологија во Масачусетс, за „Вашингтон пост“ изјави дека „нема никакви докази“ според кои општата популација била изложена на вирус што потекнал од несреќа во лабораторија. Тој ги нарече шпекулациите на Котон теорија на заговор, а неговото однесување на граница со неодговорност.
 
– Котон треба да помине повеќе време во финансирање на агенциите во Соединетите Држави кои можат да помогнат во одржување и борба против вирусот, наместо да доделува вина – рече Наранг.
 
Ричард Ебрајт, професор по хемиска биологија од универзитетот Ратгерс, за „Пост“ изјави дека нема ништо во геномската секвенца на коронавирусот што укажува на тоа дека е создаден во лабораторија. 
 
– Можноста дека вирусот Ковид – 19 е намерно ослободено биооружје може да биде исклучена – додаде Ебрајт.