Само во две европски земји нема пријавен случај на коронавирус

1479

Во светот, вкупниот број на заразени од коронавирус надмина 119 илјади.

Повеќе од 4.200 луѓе умреле како последица на респираторниот вирус, а повеќе од 66.000 се опоравиле.

Во Европа состојбата е најлоша во Италија, каде што само вчера починаа 168 лица. Со тоа вкупниот број на жртви се зголеми на 891, додека вкупниот број на заразени надмина 10.000.

Инфекцијата со коронавирус од Италија се пришири во речиси сите европски земји, а кај нас засега има регистрирано седум случаи.

Сепак во две европски земји и натаму нема пријавено инфекција со коронавирус.

Откако вчера Турција го пријави првиот случај, инфекција со коронавирус нема само во две други земји кои се многу блиску до нашите граници.

Станува збор за Црна Гора и Косово, кои се единствени во Европа каде се уште нема пријавено коранавирус.

Иако досега не се пријавени случаи на инфекција во Црна Гора, црногорските здравствени власти воведоа строги превентивни мерки, кои вклучуваат забрана за патување во најпогодените земји, како и пристигнување на патници од тие земји.

Во Косово луѓето се советуваат дека треба да избегнуваат ракување, прегратки како и непотребно движење навор и јавни собири.