Самоубиствен напад во Либија, најмалку седум загинати

528

Најмалку седум луѓе загинаа во напад врз канцеларијата на либиската изборна комисија во Триполи, јавуваат медиумите.

– Во инцидентот загинаа седум луѓе, тројца членови на Комисијата и четворица од обезбедувањето – изјави Калед Омар портпарол на Комисијата.

Канцеларијата била нападната од група екстремисти меѓу кои и бомбаш самоубиец.