Самоубиствен напад во Авганистан, најмалку 10 загинати

65

Најмалку десет луѓе загинаа, меѓу кои и двајца припадници на разузнавачката служба, во денешниот самоубиствен бомбашки напад во авганистанскиот град Џалалабад.

При нападот повредени се четири лица.

Според локалните власти мета на нападот била разузнавачката служба.

Напаѓачот го активирал експлозивот во близина на бензинска станица, а потоа избил голем пожар.

Речиси во исто време во западната провинција Фарах, талибанците нападнаа контролен пункт, при што загинаа тројца полицајци.

Во областа Бала Булук уште четворица полицајци се повредени при синоќешниот напад. Во судирот убиени се најмалку пет талибански бунтовници, додека седуммина се повредени.