Самоубиствен бомбашки напад во Сомалија, најмалку 12 загинати

33

Најмалку 12 лица загинаа во експлозија на автомобил бомба покрај безбедносен пункт во Могадишу, Сомалија.

Властите изјавија дека експлозивот во автомобилот го активирал бомбаш самоубиец, а засега има 12 загинати, меѓу кои и шестмина припадници на безбедносните сили и една жена – висок претставник од армијата. Останатите петмина загинати се цивили, а при нападот биле повредени и двајца членови на сомалискиот парламент.

Одговорност за нападот презеде исламистичката група Ал Шабаб, која е огранок на терористичката мрежа Ал Каеда во Сомалија.