САД ѝ се закануваат на Турција со санкции поради руските С-400

866

Купувањето на систем за противвоздушна одбрана С-400 од Русија, може да ја соочи Турција со санкции во согласност со американскиот Закон за спротивставување на противниците на Америка преку санкции (ЦААТСА), се наведува во писмената изјава на помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Вес Мичел, подготвена за сослушувањето во Комисијата за надворешни работи на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес.

Според Мичел, турската о длука за купување на руските систем за противвоздушна одбрана С-400, може да доведе до воведување санкции од страна на САД кон Турција согласно член 231 на ЦААТСА, но и да се одрази негативно на учеството на Анкара во програмата за набавка на американски борбени авиони Ф-35 .

Рускиот претседател Владимир Путин неодамна најави дека Русија решила да ја забрза испораката на системите С-400 на Турција.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на 9 април пак изјави дека Турција нема да се откаже од купувањето на системите С-400 од Русија.