САД ќе почнат со примена на нови царини за Кина од септември

78

Претседателот на САД, Доналд Трамп најави дека ќе почнат со примена на нови царини од 10 отсто на производи од Кина од 1 септември, во вредност од околу 300 милијарди американски долари.

Сепак, како што наведе Трамп на својот профил на „Твитер“ преговорите што се одржуваат во моментот, ќе продолжат.