Сад ја распоредија Третата флота во азиско-пацифичкиот регион

123

Пекинг полага право врз огромна област во Јужно Кинеско Море, низ кое поминува бродска трговија вредна пет илјади милијарди долари годишно. Пекинг ги зајакна своите права со градење вештачки острови и воведување патроли, градење воена инфраструктура на островските групи, а распореди и стратегиски бомбардери со долг дострел „х-6“. Вашингтон одговори со заострување на тензиите со Пекинг, со тоа што испрати американски воени бродови од Третата морнаричка флота за да ја зајакне Седмата флота стационирана во Јапонија. Третата флота во Сан Диего, Калифорнија, ги потврди операциите на источната страна во Тихи Океан. Поранешниот командант на американската пафицичка флота, адмиралот Скот Свифт, истакна дека САД треба да го зголемат присуството во Источна Азија и тврди дека треба да употребат „тотално комбинирана сила“ врз кинеските активности.